Мал авион Cirrus 20 исчезна во Хрватска, започна акција за пребарување и спасување

од Stefanija Kuzmanovska

Мал авион „Cirrus 20“ со ознака PHYMC, кој бил на лет од Марибор за Пула, исчезнал од радарот денеска околу 12 часот и 30 минути северно од Језеран, извести Управата за контрола на воздушната навигација и цивилна заштита на Хрватска.

Оперативниот центар за цивилна заштита започна акција за пребарување и спасување на леталото.

На терен се испратени вработени во Службата за цивилна заштита Карловац и Госпиќ, полицајци, припадници на станиците ХГСС – Карловац, Госпиќ и Огулин и пожарникари од ДВД Бриње, а активирана е и државната интервентна единица за цивилна заштита на Ријека и Загреб.

Акцијата за пребарување и спасување ја координира началникот на Службата за цивилна заштита Госпиќ, пренесе „Хина“.

Слични содржини