Малолетничка и нејзиниот партнер ја нападнале мајката на девојчето

од Stefanija Kuzmanovska

Триесет и шестгодишна жена од Скопје рано утрово пријавила во полициска станица дека била нападната од нејзината малолетна ќерка, по што партнерот на ќерката се обидела да ја нападне со остар предмет.

„На 21.05.2023 во 03.20 часот во Полициската станица Центар, 36-годишна жена од Скопје пријавила дека на 20.05.2023 во 21.00 часот нејзината малолетна ќерка физички ја нападнала, по што вонбрачниот сопруг на нејзината ќерка се обидел да ја нападне со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Слични содржини