Малта: Водечки бизнисмен обвинет за убиство на новинарка

од Stefanija Kuzmanovska

Еден од најбогатите бизнисмени на Малта, Јорген Фенек, е обвинет за убиство на антикорупциската новинарка Дафне Каруана Галиција, изјавија обвинителите во судските документи поднесени во средата.

Сѐ уште не е одреден датумот за судење, пренесува „Хина“, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Фенек беше уапсен во ноември 2019 година, под обвинение за соучество во убиството.

За време на собирањето докази пред судењето, тој се изјасни за невин.

Каруана Галиција беше убиена во експлозија на автомобил -бомба додека излегуваше од својот дом на 16 октомври 2017 година.

Тоа убиство ја шокираше Европа и отвори прашања за владеењето на правото во таа најмала членка на Европската унија.

Слични содржини