Марадона ги кажа фаворитите за Светското, ги отпиша Аргентина и Франција

од Vladimir Zorba

Фудбалската легенда Диего Марадона ги смета Германија и Шпанија за фаворити за Светското првенство во Русија во текот на летото.

Тој направи коментар за очекувањата за Мундијалот по учеството во добротворниот натпревар на мали голови синоќа во Базел, во кој се вклучија голем број поранешни фудбалски личности, како и 8-кратниот олимписки шампион вo спринт Усаин Болт (Јамајка).

„За мене фаворитите се Германија и Шпанија. Франција исто така има добар тим со одлични играчи, како Погба пример, но не е фаворит. За нив ќе биде подобро, ако вратат Рибери“, рече Марадона.

Тој ја прокоментира и репрезентацијата на родната Аргентина, која под водство на Хорхе Сампаоли имаше сериозни тешкотии во квалификациите во зона Јужна Америка, откако си обезбеди пласман за Светското првенство едвај во последниот круг.

„Не го познавам Сампаоли, не знам што бара. Но познавам многу од играчите и сум убеден дека тие ќе дадат се од себе. Мислам дека имаме добри шанси да победиме, но не би ја ставил Аргентина меѓу фаворитите“, изјави Диего Марадона.

„Сакам да го известам Меси да продолжи да игра и да ужива во фудбалот. Тој не треба да обрнува внимание на критичарите. Дали ќе ја освои светската титула, Лигата на Шампионите, или Купот на Кралот. Тоа не е важно. Тој нема потреба да докажува ништо на никој, освен да се забавува на теренот“, додаде Марадона.

Слични содржини