Маричиќ го подготвил одговорот на државата за тужбите на функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Стразбур

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Поранешниот министер за правда и актуелен вицепремиер задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ го подготви одговорот на државата во врска со поднесените тужби од страна на функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Судот за човекови права во Стразбур.

Тој ангажираше поголем тим експерти кои се вклучија во подготовка на одбраната. Одговорот беше на десетици страници, со фокус на тоа фактот дека тогашниот претседател Иванов немал законска можност да ја даде аболицијата, па оттаму и фактот дека не ни можел потоа да ја повлече.

„Тој не може да повлекува нешто за кое претходно немало законска основа да се даде“, тврдеше Маричиќ. Од денеска изнесеното, оваа стратегија се покажа како исправна, што беше беше потврдена и од судот во Стразбур.

Одговорот на повеќе од 60 страници и доказен материјал од илјадници страници, беше испратен во текот на јуни 2021-вата година до Европскиот суд за човекови права во Стразбур во врска со колективната аболиција за снимките од прислушуваните разговор што ја даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Аргументите на Владата во однос на недозволеноста на апликациите се целосно уважени од страна на ЕСЧП. Спротивно на тврдењата на апликантите, ЕСЧП не утврдува прекршување на Европската Конвенција за заштита на човековите права.

Слични содржини