Маричиќ: Со неизгласувањето на уставните измени ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира целиот регион

од Radmila Tasevska

„ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира целиот регион со ова одлука, мислам дека политичката игра ја засенува содржината на уставните измени. Ние имаме едни неспорни уставни измени кои што беа издискутирани многу пати, напишани од експертска група. Никој не кажа, па дури ни ВМРО-ДПМНЕ, што е спорно во содржината на тие уставни измени“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за „360 степени“.

Тој додаде дека постои сценарио поради неизгласувањето на уставните измени, Северна Македонија и Албанија да не го продолжат патот кон ЕУ, додека пак во декември се очекува одлука за Украина и Молдавија да ги започнат преговорите.

„Тоа е возможно сценарио, апсолутно, тоа е лоша порака кон регионот но тоа е картата на ветото ќе изиграме овој пат ние односно ВМРО-ДПМНЕ“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека прашање е зошто треба ние да се блокриаме самите себеси поради внесувањето на Бугарите во Северна Македонија како заедница во Уставот.

Слични содржини