Марија Шерифовиќ ја испеа „Боже чувај ја од зло“ (ВИДЕО)

од desk4

Неодамна Марија Шерифовиќ одржа концерт под наслов „Втората страна на плочата“ (Druga strana ploce) и на публиката во Белград ѝ раскажуваше за Тоше Проески.

Таа за првпат прозборе за нивното пријателство:

„Има само еден изведувач со кој сакав да снимам дует. Но, во овој универзум, во оваа епизода од животот не го направивме тоа, а само што почнавме да разговараме. За мене, тој е најдобриот машки вокал што се родил на овие простори. Беше убав, ввесел, ведар, скромен и најверојатно затоа пееше ‘толку малку ми треба под ова свето небо’“, кажа Шерифовиќ.

Потоа, таа емотивно ја изведе српската верзија на хитот „Боже чувај ја од зло“ (Boze brani je od zla), а публиката во Сава центарот за кратко време беше на нозе и ја придружуваше во пеењето.

Слични содржини