Марсеј го објави привлекувањето на Алексис Санчез

од Vladimir Zorba

Францускиот гигант Марсеј и официјално го објави потписот со чилеанскиот напаѓач Алексис Санчез. 33-годишниот фудбалер го раскина договорот со италијански Интер и ќе потпише со Марсеј до летото 2024 година.

Санчез игра за Интер од септември 2020 година, а на 108 натпревари запиша 20 гола и 23 асистенции.

За репрезентацијата на Чиле неговите натпревари се 143, а освоените трофеи во кариерата – 17.

Го очекуваат во Марсеј на медицински тестови, по што ќе стави потпис на договорот.

Слични содржини