МАШКИ НАВИКИ КОИ ГИ ПОЛУДУВААТ ЖЕНИТЕ: Ги има 5, а некои можат да доведат до развод!

од Vladimir Zorba

Некои навики кои мажите ги развиваат во романтична врска може да доведат до распад на врската или бракот. Овие навики најмногу ги излудуваат сите жени.

1. Никогаш не е подготвен на компромиси

Невозможно е да се изгради врска, а уште помалку да му верувате на партнер кој не ја разбира важноста на компромисот. Ова покажува дека неговите потреби се поважни од вашите. Во тој случај не можете да очекувате емоционална поддршка од него кога ви треба, изјави психологот Џејн Грир. Во секоја успешна врска, партнерите сакаат да се прават среќни, а избегнувањето на компромиси укажува на себичност и незрелост.

2. Никогаш не е таму кога ви треба

Дали ги откажува состаноците во последен момент и не одговара на вашите телефонски повици или СМС пораки? Довербата не се гради со зборови, туку со дела, а основен дел од довербата е чувството дека можете да се потпрете на партнерот кога ви треба.

3. Не сака да признае кога греши и да се извини

Ако тој е секогаш во право, тоа значи дека (според неговата логика) секогаш нешто сте згрешиле, а тоа е невозможно. Сите грешиме и кажуваме погрешни работи, но големината на човекот се одразува во неговата подготвеност да ги признае грешките. Ако вашиот партнер одбие да го направи тоа, тоа е маж кој едноставно не може да преземе одговорност за своите постапки.

4. Се оддалечува од вас кога треба да испрати порака или да се јави

Криењето на вакви секојдневни работи ја тера жената да се запраша што крие. Се разбира, ова не мора да биде ништо сериозно, но овие постапки предизвикуваат сомнеж.

5. Неговите приказни се полни со нелогичности

Прво ви кажува дека викендот го поминал со пријателите, а ден подоцна дека бил со сестра му. Доколку следат слични нелогичности, не плашете се да го прашате каде всушност бил. Не бидете агресивни, но ако по разговорот не добиете објаснување за тоа што ве мачи, мора да станете свесни дека сте со личност која не сака да биде искрена со вас.

Слични содржини