Масовни протести, полицијата го чува рускиот конзулат

од desk2

 

Ирачките органи на редот го чуваат рускиот конзулат во градот Басра, каде дојде до масовни протести поради состојбата во тој град.

„Според информациите од рускиот конзулат во Басра, ирачките безбедносни сили ја контролираат ситуацијата околу таа зграда и во близина на нафтените и гасните постројки каде работниците се ангажирани во руски компании“, се наведува во соопштението објавено на официјалниот сајт на Министерството за надворешни работи на Русија.

Ирачките власти преземаат мерки да ја смират ситуацијата што побрзо и да ја осигураат безбедноста на странските козулати во Басра, пренесе ТАСС.

Ирачките демонстранти вчера го запалија иранскиот конзулат во Басра, а инцидентот се случи на протестот против корупцијата во Басра, во кои од понеделникот настрадаа најмалку 10 лица.

Пред да влетаат во иранскиот конзулат, демонстрантите викаа „Надвор Иран“, а беше запалено знамето на таа земја.

Многу жители на Басра ги обвинуваат политичарите кои уживаат поддршка од Иран за мешање во ирачката политика и ги сметаат одговорни за лошата состојба во градот.

Освен во Барса протести се одржаа и во неколку други градови, наведува АП.

Слични содржини