Маж од Тајван го прекршил карантинот 7 пати во рок од три дена, добил огромна парична казна

од Stefanija Kuzmanovska

Маж од Тајван е казнет со еден милион нови тајвански долари за кршење на одредбата за самоизолација неколку пати во рок од три дена.

Неименуван маж, кој живее во градот Таичунг, бил во самоизолација во својата станбена зграда откако се вратил од Кина од службено патување, а ја прекршил мерката седум пати.

Човекот ја напуштил станбената зграда за да оди на купување, да го поправа автомобилот и многу повеќе. Тој дури наводно влеголво конфликт со еден од неговите соседи кому му пречело што го напушта станот за време на карантин, пишува Си-Ен-Ен.

Мора да ги плати и трошоците за карантин

Локалните власти во Таичунг потврдија дека човекот се вратил од континентална Кина на 21 јануари и според законот требало да остане во карантин 14 дена по враќањето во Тајван. Лу Шиоу-јен, градоначалникот на Таичунг, ги осуди неговите постапки како „сериозно злосторство“ и додаде дека „тој мора строго да биде казнет“.

Покрај паричната казна, што е највисока досега наплатена во Тајван, човекот ќе мора да плати и 3000 ТВД дневно за трошоците во карантин. Имено, тајванските власти ги обештетуваат граѓаните со 1.000 ТВД дневно за престој во самоизолација, на што прекршителот на оваа одредба сега ќе го изгуби правото.

Слични содржини