Маж загина во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Крушево

од Stefanija Kuzmanovska

Четириесет и шестгодишен битолчанец смртно настрада во сообраќјна несреќа што се случила вчеравечер. Во сообраќајката тешко повреден е и малолетник.

Како што информира полицијата, на 06.10.2023 во 21.05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(46) од Битола, и патничко моторно возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(43) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Т. кој бил пренесен во Градска болница-Прилеп каде починал, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Слични содржини