Мажите не ги слушаат своите сопруги или девојки 388 пати годишно

Истражувањето покажало дека мажите не ги слушаат своите партнерки седум пати во неделата, односно 388 пати во годината. Од друга страна, истражувањето открило дека жените своите партнери не ги слушаат 339 пати во годината, пишува „Lad Bible“.

Во истражувањето учествувале 2.000 возрасни лица од Обединетото Кралство, а од нив 75% признале дека партнерот ги слуша селективно, односно слуша само она што го интересира, а останатото го игнорира. Сепак, иако звучи забавно, токму овие знаци би можеле да бидат и првите показатели за губење на слухот.

Повеќе од пола од испитаниците рекле дека не мислат дека се работи за губење на слухот, туку едноставно, партнерот не ги слуша, додека 40% признале дека се сигурни дека нивната подобра половина има проблеми со слухот.

– Промените со нашиот слух се суптилни и се случуваат со тек на времето па тешко можете да забележите како влијаат на нашиот живот, но и на оние околу нас. Токму затоа е важно да се оди на преглед и да се проверува слухот. Што подобро се направи тоа, толку подобро – рекла Киран Сиамби, аудиолог.

Слични содржини