Мечка талка по улиците на Сараево (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Необичната глетка на мечка која шета низ улиците на Сараево утрово ја снимил читател на порталот Klix.ba.

Животното шетало низ неколку населби во месноста Стари Град, а читателот го снимил во Вратник.

За мечката скитничка била известена полицијата, како и Ловечкото друштво Сараево, чија екипа за интервенција се обидела да ја скроти мечката.

„Се обидуваме да го вратиме, а тој веќе се упати кон касарната, односно кон Змајевац, тука сме и работиме, ако треба ќе го успиеме и ќе го вратиме. Во контакт сме со Факултетот за ветеринарна медицина, ако почне да прави проблеми и да полудувa, мора да пукаме во него за да не повреди никого“, изјави претседателот на Ловечкото друштво, Муриз Буква.

Слични содржини