Мецола: Европската унија не е целосна без Западен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska

Европската иднина на Западен Балкан е императив како геостратешка инвестиција во стабилна, силна и повторно обединета Европа заснована на заеднички вредности, изјави за агенцијата „Фена“ претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

Таа смета дека Унијата не е целосна без Западен Балкан и дека проширувањето е најмоќната геополитичка алатка на ЕУ. Како што наведе таа, проширувањето е стратешка, долгорочна геополитичка инвестиција во европскиот мир, безбедност, стабилност и просперитет и е ситуација во која сите добиваат.

„Трансформативниот ефект на проширувањето е неспорен. Потенцијалот на членството во ЕУ дава значителен поттик за промените кои се неопходни за подобрување на управувањето, зајакнување на владеењето на правото, промовирање на слободата на медиумите и создавање соодветна клима за процут на граѓанското општество“, рече Мецола.

Таа нагласи дека војната во Украина има нуспојава за забрзување на процесот на проширување и не се согласува со мислењата дека не постои јасна политичка волја на Европската унија да се прошири на Западен Балкан.

Слични содржини