Медиумите во БиХ за доаѓањето на првите вакцини: „Благодарност до Вучиќ, нека се засрамат нашите политичари“

од Nikola Popovski

Претседателот Александар Вучиќ утре оди во Сараево, а по тој повод ќе донира 10.000 вакцини. Медиумите во БиХ пишуваат на големо за доаѓањето на српскиот претседател.

Пристигнувањето на Вучиќ со донација порталот „Аваз“ го искористи, меѓу другото, за да ги прекори своите политичари.

„Политичарите во Босна и Херцеговина подготвија нов, во овој случај потенцијално опасен по живот срам за граѓаните – остануваме единствената земја во Европа што сè уште нема вакцина против коронавирус. И додека политичарите нудат неми изговори и меѓусебно се обвинуваат за овој срамен факт, соседна Србија за тоа време, таа успеа да набави дури четири типа на вакцини и таа е втора земја во Европа според имунизацијата“, пишува „Аваз“.

Медиумите од БиХ наведуваат дека „овој потег на Вучиќ е директна шлаканица во лице и понижување за неспособните политичари во БиХ“, но тие исто така го фалат гестот на претседателот на Србија.

Тие ги поддржуваат своите тврдења цитирајќи ги реакциите на нивните читатели: „Благодарам на Србија во име на болните кои се борат за живот“, „Ви благодарам господине Вучиќ, така велаѕ во БиХ. Човекот не мораше да носи … “,„Ја покажавте вашата способност и колку се грижите за граѓаните. Вие ги срамите граѓаните на Босна и Херцеговина“, биле само дел од коментарите.

Слични содржини