Меган и Хари ја одложуваат преселбата во Лос Анџелес поради една причина

Меган Маркл и принцот Хари наводно сакаат да се преселат во Лос Анџелес, но откако ќе му заврши мандатот на Доналд Трамп како претседател на САД.

Парот наводно ја разгледува можноста дел од времето да го поминува во Лос Анџелес, а дел во Торонто, пишува Daily Mail. Одлуката за Лос Анџелес е поврзата со тоа што таму живее мајката на Меган, а актерката таму имала куќа пред да се омажи за принцот.

Но, Меган наводно не сака ниту да чуе за живот во САД додека на власт е Доналд Трамп со кој дури и не сакала да се сретне за време на неговата посета на Велика Британија минатата година.

„Не станува збор за нешто кое ќе се случи веднаш, но секако во план им е да се преселат во Лос Анџелес, а Торонто да им биде втор дом“, рекол извор за британскиот таблоид.

Меган за време на претседателските избори во 2016 година најавила дека ќе се пресели во Канада, доколку на изборите не победи Хилари Клинтон. Но, тоа не се случило, а Меган не се пресели во Канада, туку во Британија.

Слични содржини