Меган и Хари открија каде ќе го прослават Божик

Британскиот принц Хари и сопругата Меган оваа година нема да го слават Божик со кралицата Елизабета, туку ќе го поминат во Канада со синот Арчи, рекла нивната портпаролка.

Хари и Меган си зеле продолжена дозвола за одмор од кралските обврски откако во еден документарец во октомври ги изнеле потешкотиите на кои наидуваат поради медиумската изложеност.

Портпаролката рекла дека тие ја ценат „канадската срдечност на народот и убавината на околината“.

„Војводата од Сасекд често ја посетува Канада, а војвотката таму живеела седум години пред да стане член на кралското семејство“, додала таа.

Поранешната актерка, во Канада живеела во Торонто за време на снимањето на серијата Suits.

„На принцот Хари, Меган и Арчи им посакуваме пријатен и мирен престој во Канада. Меѓу птијатели сте и тука сте секогаш добредојдени“, напиша на Твитер канадскиот премиер Џастин Трудо.

Во ноември парот најави дека ќе го прослави Божик со мајката на Меган, а не со кралицата со Сандрингем на истокот на Англија, каде кралското семејство традиционални ги поминува божикните денови.

Принцот Филип, сопругот на кралицата, најверојатно нема да биде за Божик во Сандрингем, бидејќи во петокот превентивно бил хоспитализирани поради упорни здравствени проблеми.

Слични содржини