Меган ќе открие детали за „расправијата“ со Кејт во интервјуто со Опра?

од Vladimir Zorba

Во претстојното интервју со Опра, Меган Маркл би можела да открие инсајдерски детали за нејзината наводна расправија со војвотката од Кембриџ, тврдат извештаите, пренесува Дејли Мејл.

Милиони гледачи од 68 земји ќе го следат двочасовниот специјал, кога ќе го емитува ЦБС.

На социјалните мрежи кружат бројни снимки од најавата за интервјуто, а во една Меган ја обвини „фирмата“ (како што се нарекува приватно кралското семејство) за ширење лаги за неа и принцот Хари за време на нивниот престој во палатата Кенсингтон.

Сега упатените тврдат дека „нуклеарната бомба“ на Меган наводно ќе биде давањето детали за нејзината врска со Кејт Мидлтон. Се проценува дека ако тоа се случи, тоа може да предизвика огромна штета на монархијата.

Извор близок на Опра истакна дека Меган има само убави зборови за војводата и војвотката од Кембриџ.

Тие посочија дека нема да има поделба меѓу двете домаќинства, кои сите порано ги нарекуваа „чудесната четворка“, пренесува Њујорк пост.

Гласините за затегнатата врска меѓу двата пара често се ширеа во медиумите, па дури имаше приказна и за тоа дека Кејт плачела во пресрет на венчавката на Меган во 2018 година.

Сепак, од друга страна, извор сподели за Сан: „Ова ќе биде нуклеарната опција на Меган“.

„Ако таа одлучеше искрено да зборува за нејзината комуникација со Кејт, штетата што може да и се нанесе на монархијата ќе биде огромна. Таа има моќ да открие колку навистина биле лоши работите меѓу неа, Хари, Вилијам и Кејт“, посочува изворот.

На почетокот на оваа недела се појавија информации дека Меган, наводно, ги обвинила Кејт Мидлтон, Камила и принцот Чарлс за информациите што протекоа од палатата за неа.

Во медиумите кружеа и тврдења за обвинувања против Меган Маркл. Беше напишано дека поранешниот персонал на палатата ја обвинил дека ги малтретирала.

Адвокатите на Меган ги негираа овие тврдења, посочувајќи дека Бакингемската палата ја користела можноста да шири лажни информации за неа.

Слични содржини