Меган Маркл повеќе не го носи вереничкиот прстен: Причина за тоа е принцот Вилијам?

од Stefanija Kuzmanovska

Многумина забележаа дека Меган Маркл веќе подолго време не го носи вереничкиот прстен.

Меган Маркл и принцот Хари привлекуваат внимание на секој чекор. Долго време се во Америка, далеку од кралското семејство, се откажаа од сите кралски титули и обврски, а често го користат медиумското внимание за да ги откријат деталите од врската со другите членови на семејството.

Во последниве месеци, многу се пишуваше за тоа како, наводно, работите не функционираат баш добро меѓу Хари и Меган. На принцот му здодеал животот во Америка, па дури се зборуваше дека има тајна соба во близина на неговиот дом во Калифорнија.

Гласините дополнително се поттикнати од еден детал кој многумина го забележаа, а тоа е дека Меган веќе некое време не го носи вереничкиот прстен на јавните настани.

Од друга страна, се појави објаснување зошто е тоа така. Очигледно Меган не сака дополнителни конфликти со семејството и поради оваа причина не го носи прстенот кој е дел од колекцијата на принцезата Дајана, со оглед на тоа дека за нејзините дијаманти е задолжен принцот Вилијам.

„Меган можеби го чува прстенот безбеден за да не ги изгуби дијамантите на Дајана, знаејќи дека тоа уште повеќе ќе ги влоши односите во семејството“, вели Лаура Тејлор, специјалист за веренички прстени.

Слични содржини