Мексиканец го прослави разводот со оркестар пред поранешната сопруга (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Еден Мексиканец од државата Коахуила со себе земал локален оркестар за да го прослави разводот.

Мексиканецот бил одлично расположен, како што покажа и оваа снимка, во која тој му вели на оркестарот да ја свири неговата омилена песна „Cabrón y Vago“, пред да дојде неговата наскоро бивша сопруга.

Сведоците велат дека Мексиканецот бил среќен како мало дете кога го потпишал разводот и дека ѝ рекол на сопругата дека едвај го чекал овој ден.

Не е познато што довело до развод, но едно е сигурно – доаѓањето на оркестарот на тој настан ги воодушеви сите во светот, бидејќи снимката стана вирална.

Слични содржини