Меланија и Доналд во јавноста за првпат по напуштањето на Белата куќа: Фотографирани на Денот на вљубените

од Берта Китинска

Доналд и Меланија Трамп беа видени заедно во јавноста на Денот на вљубените, првпат откако ја напуштија Белата куќа на 20 јануари.

Откако го напуштија Вашингтон на денот на инаугурацијата на новиот претседател на САД Џо Бајден, парот се врати во имотот Мар-а-Лаго во Флорида.Тие продолжија да живеат таен живот.

Сепак, Доналд и Меланија го поминаа празникот заедно на 14 февруари, уживајќи во романтичен оброк во Мар-а-Лаго, според фотографиите објавени од еден корисник на Инстаграм.

На фотографиите се гледаат Доналд, Меланија, Доналд Џуниор и Кимберли Гилфоил, пренесува Daily Star.

– Каков начин да го поминете Денот на вљубените, вечерајќи во трпезаријата заедно со семејството Трамп – напиша корисникот на Инстаграм.

Откако Трамп ја напушти Белата куќа, повторно започнаа да кружат шпекулации дека ќе се разведат, но Меланија и Трамп сè уште не ги коментирале овие обвинувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Keith Otto (@ottokeith)

Слични содржини