Мемед: Ромската нација го изгуби својот татко, за последен пат да го испратиме до вечниот дом

од Берта Китинска

Пријателот на Амди Бајрам, Аднан Мемед  преку својот  Фејсбук профил објави повик до сите, за последен пат да го испратат Бајрам до вечниот дом.

„Да откорнеш гранка од едно дрво многу боли, да искинеш лист од гранката може повторно да расте. Да го снема дрвото, дури тогаш се чувствува празнина. Едноставно го нема, а толку често го имаше, секогаш беше тука, што просто да не ти се верува дека повеќе го нема.

Семејството Бајрам изгуби сопруг, татко, родител, дедо. Ромската нација го изгуби својот татко, изгуби борец, изгуби патриот!!!

Амди Бајрам им помогна на сите! Амди Бајрам беше другар со сите! Соработник, пријател, партнер и народен човек!!! Ги повикуваме сите кои го почитуваат ликот и делото на Амди Бајрам! Ги повикуваме сите на кои им помогна, роднини, пријатели, политичари, бизнисмени, организации и сите Роми и не-Роми, за последен пат да го испратиме до вечниот дом, затоа што заслужува, затоа што беше голем Ром и пред се голем човек! Телото на Амди Бајрам ќе биде погребано на градските гробишта во Бутел! Поворката ќе тргне од 14.00 часот од семејната куќа во општина Бутел“, напиша Мемед.

Слични содржини