Меркел: Пандемијата ја покажа ранливоста на Европа

од Stefanija Kuzmanovska

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска истакна дека пандемијата на коронавирус ја покажа ранливоста на Европа и најави дека лајтмотивот на германското претседателство со ЕУ, од 1 јули ќе претставува заедничко и солидно надминување на предизвиците, пренесува РТВ.

Обраќајќи се на Бундестагот, Меркел истакна дека Берлин презема голема одговорност во време кога ЕУ се соочува со најголемиот предизвик и дека претседателството со ЕУ е голем предизвик, затоа што Германија мора да се посвети на надминување на кризата и да ја направи Унијата поотпорна.

„Кризата со која се соочуваме е сосем различна од сите досега. Таа не погоди сите нас, неподготвени, не само во Европа, туку и во светот. Само во Европа однесе 100.000 животи, а неколкунеделната економска стагнација загрози се што сме граделе со децении“, рече таа.

Таа посочи дека се неопходни ограничувања во борбата против вирусот и дека сепак ќе биде потребно да се почитува растојанието од 1,5 метри и да се носат маски, бидејќи вирусот не исчезна, и нема се додека не се пронајде вакцина.

„Пандемијата покажа колку е кревок европскиот проект. Првите рефлекси беа национални, а не европски. Меѓународната акција е неопходна за соочување со овој предизвик и јас сум среќна што Европската комисија дејствуваше брзо и постојано не повикуваше на единство“, рече Меркел.

Истакна дека пандемијата ги зафати сите, но не со иста сила, а последиците од кризата ги продлабочуваат нееднаквостите на општествата.

Раб: Кина, Русија и Иран ги користат слабостите за време на пандемијата

Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб изјави дека Кина, Русија и Иран се обидуваат да ги искористат недостатоците и слабостите во општеството што ги откри пандемијата на коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.

Раб истакна дека Велика Британија со сигурност знае дека Русија систематски шири пропаганда и дезинформации преку Интернет и на други начини.

Тој исто така рече дека Иран и Кина го прават истото, но дека тој не верува дека тоа имало било какво влијание врз изборниот процес во Велика Британија.

Слични содржини