Мерки на штедење: Во јануари ќе се знае колку вработени од ЕСМ ќе заминат на принуден одмор

од Nikola Popovski

Денес имаше официјално соопштение од страна на АД ЕСМ, во врска со преземањето на конкретни чекори за штедење на струјата. Даден е налог на сите директори на подружниците во Електростопанство да направатанализа на проценките и кои луѓе им се потребни за тие процеси, да продолжат со нормално функционирање, вели Виктор Андонов, советник на премиерот за енергетика, во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Андонов потенцира дека никој нема да биде поштеден што не учествува во процесот на производство во АД ЕСМ.

-Предвидено е комплетно кратење на непродуктивните трошоци во јануари. Со оглед дека до Нова година има уште неколку денови, во јануари ќе се знае повеќе колку вработени ќе заминат на принуден одмор. Во однос на обвинувањата дека во компанијата се вработуваат партиски луѓе и се зголемува кадарот, сакам да објавам дека заклучно со 31.12.2016 година во АД ЕСМ имаме 4892 вработени, а заклучно со денес 4482 вработени. Тоа се 400 лица помалку. Со тоа паѓаат во вода обвинувањата дека се превработуваат луѓе или се ангажираат лица кои се не потребни, информира Андонов.

Со цел намалување на трошоците во услови на енергетска криза, АД ЕСМ денеска најави дека се планира принуден одмор на вработените кои не се неопходни за производството на електрична енергија. Извршителите на утврдените работни места ќе бидат упатени на принуден одмор не подолг од три месеци, согласно согласно Законот за работни односи, со исплата на 70% од платата.

Слични содржини