Мерките резултираа со драстична намалена посетеност на трговските и продавниците, во регионот без забрани

од Vladimir Zorba

Затворените трговски центри и продавниците се уште работат со намален промет до 40 проценти заради потребната вакцинација при влез на купувачите. Во споредба со регионот вакви мерки за вакцинирани и невакцирани во трговските центри нема. Македонските трговци сериозно се загрижени за секојдневното функционирање на своите бизниси.

– Во нашите продавници постојано е празно, на овој начин ние нема да може да генерираме средства. Треба сериозно да се размисли на кој начин ќе се функционира. Мерките кои се донесени штетат на економијата и тоа влева страв кај нашите вработени, се соочуваме со сериозен економски пад. Потребно е да се најде начин како купувачите да ги вратиме повторно во трговските и продавниците, велат од Фешн Груп.

Во продавниците и затворените трговски центри секојдневно се почитуваат протоколите и мерки на претпазливост, поточно задолжително се носат маски, има ограничувања на бројот на посетители, редарска служба, сигнализации за одржување на растојание како и одредување насока на движење, достапност и распоред на средства за дезинфекција, редовна хигиена и дезинфекција на сите системи за вентилација.

– Мерките се почитуваат и нема исклучоци, мора секојдневно да внимаваме бидејќи здравјето на вработените и купувачите нам ни е на прво место. Затоа константно внимаваме на сите протоколи. Би сакале уште еднаш Комисијата и Владата да ги разгледаат моменталните мерки, доколку не се најде решение во спротивно ќе треба да се овозможи финансиски пакет мерки кон нас продавниците и трговските, реагираат од трговските центри.

Владата изминатата недела изјави дека Комисијата за заразни болести мерките за прикажување на вакцинација на влез си остануваат исти. Повторно се отвора прашањето зошто треба први на удар да се продавниците и трговските бидејќи строго се почитуваат сите правила и протоколи уште од почетокот на пандемијата.

Слични содржини