Месечен хороскоп: Октомври ќе биде месец на драматични пресврти

од desk4

Дознајте што овој месец ви носи во повеќе аспекти од животот, вклучувајќи ги првенствено здравјето, љубовта и работата.

Овен

Овој месец ќе вложувате многу енергија во одржување на здрави семејни односи и решавање на сите конфликти со блиските, кои ви создаваат напнатост. Мора да бидете поопуштени во личните односи и да се обидете да ги продлабочите, за да го добиете истото за возврат. Организирајте ги добро финансиите, можно е да треба малку да се „стегнете“ во трошењето. Бидете разумни и чувајте се од нервози.

Бик

Во текот на октомври ќе бидете многу активни на секое поле, добро ќе ви оди, но потрудете се да не заборавите на блиските пријатели. Обрнете повеќе внимание на здравјето и штедете ја енергијата. Овој месец особено се нагласени љубовните односи. Ако ви треба некаква помош, не се плашете да се обратите на личност на која ѝ верувате. Вашата врска може да процвета на начин кој дури и вас ќе ве изненади.

Близнаци

Октомври е месец во кој морате да воспоставите рамнотежа меѓу работата и приватниот живот. Размислете добро и направете план како да внесете повеќе енергија, ведрина и забава во вашето монотоно секојдневие. Грижете се за себе, дури и кога правите работи кои не ви се сосема по волја. Обрнете внимание на луѓето околу себе – претстои крај на едно лажно пријателство.

Рак

Октомври ќе ве охрабри да излезете од комфорната зона и да бидете похрабри и посигурни кога е љубовта во прашање. Побрзајте, постои една личност која едвај го чека тоа од вас. Можно е ново познанство кое ќе прерасне во вистинско пријателство. Во кариерата исто така ве очекува позитивна промена. Но, морате да поставите јасни граници со лицата од вашата блиска околина.

Лав

Во овој месец конечно ќе можете да се фокусирате на семејството и љубовниот живот. Време е да закрепнете од сите стари рани кои ви создаваа болка, да ја кренете главата и да продолжите понатаму. Блиска личност многу ќе ви помогне во целиот овој процес. Најдете начин својот дом да го направите уште поудобен. Пронајдете и некоја нова активност или хоби кои ќе ви помогнат да се освежите по напорниот ден.

Девица

Овој месец ќе зрачите со духовитост и шарм, а тоа ќе ви донесе и многу нови познанства. Поврзете се со луѓе од својата работна околина кои имаат исти квалитети како вашите. Изразено сте дружељубиви, но секогаш мора да внимавате да не се „изгорите“ поради некој кој сака да го злоупотреби тоа. Можни се непланирани трошоци, затоа паметно планирајте ги финансиите.

Вага

Овој месец сè се врти околу парите, чувствувате потреба да ги имате што повеќе. Но, тоа ќе биде проследено и со трошоци, особено ако славите роденден во октомври. Чувствувате притисок да се покажете на работното место. Постои и шанса наскоро да завршите со некој љубовен или пријателски однос кој во последно време стана премногу токсичен за вас.

Скорпија

Сакате да ја истакнувате својата автентичност, перцепцијата и уникатноста на вашата личност. Овој месец фокусирајте се на себе, дури и ако тоа значи да запоставите некого. Не заборавајте, треба да си бидете приоритет на себе. Обидете се да земете подолг одмор, бидејќи непромислено ја трошите енергијата на неважни нешта.

Стрелец

Поголемиот дел од времето го минете во изолација, но тоа воопшто не е лошо, бидејќи повеќе од потребно ви беше полнење на батериите. Мирувањето може да биде и продуктивно, бидејќи ќе ги расчистите мислите и ќе го вратите изгубениот фокус. Интуицијата ви е особено изразена, затоа немојте да ја игнорирате. Во љубовните односи се можни пријатни изненадувања.

Јарец

Фокусирани сте на својата кариера и угледот, но немојте да бидете заслепени, бидејќи лесно можете самите да си го срушите статусот кој толку време го градите во општеството. Од друга страна пак, ситуацијата во семејството и врската е стабилна и тоа ви дава голема доза на мир. Не заборавајте да им покажете колку тие ви значат вам.

Водолија

Октомври ви носи подобрување во вашите амбиции и цели и конечно ќе ве насочи на патот кон нивно остварување. Бидете отворени кон нови можности и искуства, како и кон стекнување на нови знаења и вештини. Преоптоварени сте со кариерата, па немате време да се фокусирате на грижата кон себе и блиските. Променете го тоа веднаш.

Риби

За вас, октомври ќе биде месец на убавина, радост и животно задоволство. Поврзете се со пријателите од различни сфери на животот, патувајте, прифаќајте нови животни филозофии и истражувајте нови подрачја на вашите интереси. За вас важи само едно правило – нема правила – сонувајте за големи нешта и алчно грабајте кон своите успеси.

Слични содржини