Меси ја одзеде круната на Мејведер како најплатен спортист во светот

од Vladimir Zorba

Ѕвездата на Барселона и Аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, е најплатениот спортист во светот, според годишниот рејтинг на „Форбс“. Тој го надмина минатогодишниот лидер – боксерот Флојд Мејведер.

„Форбс“ објави дека првите 100 спортисти собрале вкупно 4 милијарди долари од 1 јуни 2018 до 1 јуни 2019 година, што е за 5 отсто повеќе од претходната година.

Меси за прв пат е на врвот со 127 милиони долари плати и спонзорски договори. Во тројката има уште двајца фудбалери – Кристијано Роналдо (109 милиони долари) и Нејмар (105 милиони долари).

Првите пет се надополнети со боксерот Канело Алварез и тенисерот Роџер Федерер. Има двајца играчи од Националната фудбалска лига (НФЛ) и тројца од НБА. Иако трите најплатени спортисти се фудбалери, кошарката има најмногу во топ 100 – вкупно 35. Нивниот вкупен приход е 1,29 милијарди долари, од кои 72% се плати.

Откако минатата година немаше жени во топ 100, сега Серена Вилијамс се врати на листата на 63 место.

Слични содржини