Мет Дејмон и Бен Афлек со нов заеднички проект

од Vlatko K

По филмот „Добриот Вил Хантинг“, за кој добија „Оскар“ за најдобро сценарио, актерите Мет Дејмон
и Бен Афлек повторно ќе снимаат заеднички проект. Овојпат тие ќе бидат ѕвезди на новиот филм
„Последниот двобој“.


Приказната е за двајца воини од Франција во 14. век, продуцирана и режирана од сер Ридли Скот.
Станува збор за адаптација на книгата на Ерик Јагер „Последниот двобој: Вистинска приказна за
злосторство, скандал и искушение во битките на средновековна Франција“.

Бен (46) и Мет (48), ќе ги глумат главните улоги, ќе го работат сценариото и ќе го продуцираат
филмот преку својата продуцентска компанија „Перл стрит филмс“.

Ова ќе биде првиот филмски проект во кој Мет и Бен ќе глумат заедно, но и ќе го пишуваат
сценариото по оскаровскиот „Добриот Вил Хантинг“ од 1997 година.

Слични содржини