Мицоски на средба со Пленковиќ – барал поддршка за изработка на програма за претстојните избори

од Vladimir Zorba

На маргините на Генералното Собрание на ЦДИ, остварив средба со претседателот на Владата на Република Хрватска и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„На средбата се заблагодарив за искрената поддршка која Хрватска ја дава на Македонија и македонскиот народ во целиот период на развој на македонската демократија и пристапувањето кон евроатлантските организации.

Разговаравме и за идните мостови на соработка помеѓу двете пријателски држави.

Договоривме заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за претстојните избори.

Зборувавме за предизвиците на регионот и потешкотиите на патот кон ЕУ на Република Македонија, загрижувачките економски состојби, криминалот и корупцијата како кочничари на тој процес“, додава тој.

Слични содржини