Мигрант од Сирија повреден во С. Македонија пренесен на лекување во Србија

од Stefanija Kuzmanovska

Лекар од итната медицинска помош при Здравствен дом во Прешево викендов пријавил дека во оваа здравствена установа е примен сирискиот државјанин М.Б.А. (35) со повреди во пределот на градниот кош.

Како што потврдија за „Новости“ во Основното јавно обвинителство во Врање, младиот човек бил пренесен во Врање, а потоа во Клиничкиот центар во Ниш.

Од разговорот со оштетениот е утврдено дека тој повредите ги добил во конфликт со група Пакистанци во селото Лојане, во Северна Македонија, па за инцидентот полицијата од Врање ги известила колегите од соседната земја.

Слични содржини