Министерот за одбрана на Финска заминува на породилно отсуство

од Nikola Popovski

Финскиот министер за одбрана Анти Каиконен заминува на двомесечно породилно отсуство за да биде со својот шестмесечен син, а привремениот министер Мико Савола ќе биде именуван на 4 јануари, соопшти владата на Финска.

Каиконен земал и двомесечно породилно отсуство во 2020 година по раѓањето на неговиот постар син, со што станал првиот машки министер што заминал на породилно отсуство, пренесува Ројтерс.

Финскиот закон не признава породилно отсуство за министрите, па Каиконен мора да поднесе оставка од функцијата министер за одбрана, но ќе биде повторно назначен во март.

Во 2020 година, Владата на Финска одлучи да го удвои времетраењето на породилното отсуство за татковците на седум месеци, со што ќе ги доведе на рамноправна основа со мајките.

Привремената смена на министерот за одбрана доаѓа во време кога Финска заедно со Шведска се обидува да стане членка на НАТО и ја добива поддршката од Турција за прием во оваа организација. Каиконен верува дека безбедноста на Финска, додека тој е отсутен, „ќе биде во добри раце“.

Слични содржини