Министрите за здравство на земјите од Берлинскиот процес договараа подобра координација во борба против Ковид-19

од Берта Китинска

Министрите за здравство на земјите од Берлинскиот процес договараа подобра координација во борба против Ковид-19

Експанзијата на коронавирусот во целиот регион и пошироко, вчера ги собра министрите за здравство на состанок во рамките на Берлинскиот процес, за да разменат искуства и подобро да се координираат за поуспешно справување со ковид кризата. Учество во дискусијата зедоа претставници од Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Италија и Полска, како и претставници од ЕУ и неколку здравствени организации.

Министерот Филипче се заблагодари за поддршката од сите компании, амбасади, земјите од Европската Унија кои дадоа значителна помош во заштитна медицинска заштита, но и средства за зајакнување на здравствениот систем во услови на ковид. Тој ги информираше учесниците за поддршката и четирите пакет мерки од Владата за помош на граѓаните и компаниите и објасни како функционира здравствениот систем во услови на ковид.

– Здравствениот систем од почетокот на кризата е целосно реорганизиран. Во инфективните одделенија каде што се третираат пациенти со Ковид-19 работат доктори и медицински сестри по систем на ротација. Секаде во регионот, Европа и светот бројот на новозаразени и хоспитализирани се зголемува. Се надевам дека резултатот од овој состанок ќе биде воспоставување на систем на подобра размена на искуствата во однос на пандемијата предизвикана од коронавирусот заедно со земјите во регионот. Исклучително е важно со земјите од Западен Балкан да воспоставиме подобра координација со цел поуспешно справување со ковид кризата, потенцираше Филипче.

Вчера беа регистрирани 899 прекршоци за неносење маска на територијата на Република Северна Македонија.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.

Слични содржини