Минов: Прифатено е барањето на студентите да остане стариот износ од 120 денари за оброк

од Destan Jonuzi

Пратеникот од редовите на СДСМ Панчо Минов во емисијата 24 анализа на тв24 истакна дека предлагачите на овој закон што предизвика протест имаа некоја идеја од типот дека буџетот финансира категории на корисници кои се во состојба на примања од родителите и не може да го одржат стандардот.

– Таа идеја како реакција кај студентите не се прифати и тоа е генерална определба за сите корисници на буџетот. Ние како пратеничко мнозинство го прифативме регирање и се раководевме по нивните барања и интереси. Тие бараа да остане стариот износ од 120 денари и да важи за сите и тоа е прифатено. Добро е решението со претставниците на студентите да се најде системско решение. Тоа задолжително да го следи порастот на трошоците. – рече Минов.

Слични содржини