Мишел: Фармацевтските компании мора да ги исполнат договорите

од Vladimir Zorba

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави денес дека ЕУ ќе ги принуди фармацевтските компании да ги исполнат договорите за испорака на вакцини во земјите на ЕУ, но исто така призна дека европскиот блок ќе биде тешко да ја исполни својата цел да вакцинира 70% од возрасната популација до крајот на летото.

Тој за француското радио „Еуроп-1“ рече дека ЕУ планира да ја принуди фармацевтската индустрија да ги почитува потпишаните договори, објави АП.

Сепак, имајќи ги предвид логистичките предизвици и бавната вакцинација во ЕУ досега, Мишел посочи дека ќе биде тешко да се исполни целта на Европската комисија да вакцинира 70% од возрасната популација до крајот на летото.

ЕУ склучи шест договори за вакцини за повеќе од две милијарди дози, но само вакцините Pfizer-BioNTek и Moderna се досега одобрени за употреба.

Европската агенција за лекови во петок треба да разгледа дали ќе одобри употреба на вакцината на AstraZenekа.

Слични содржини