Мишел: Македонци, имате шанса да бидете првак во проширувањето на Унијата

од Берта Китинска

„Македонци, имате шанса да бидете првак во проширувањето на Унијата“, повика претседателот на Европскиот Шарл Мишел на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски и додаде, во име на посветлата иднина на нашите деца, дека можеме да сметаме на политичка и економска поддршка од ЕУ, како и на лојалност од нејзина страна.

Претседателот на Европскиот совет беше прашан дали уважувањето на бугарските барања во однос на Македонија и условувањето со билатерални прашања од областа и на историјата и на јазикот не претставува преседан со кој ќе се соочат и други и идни земји кандидати за членство во ЕУ.

„Моето гостување овде е израз на почит кон граѓаните на Северна Македонија кои изгубија многу време заради несогласност во ЕУ, но сега донесовме транспарентен предлог. Ако има позитивна одлука од македонските власти, тогаш се оди на меѓувладина конференција, на скрининг процес и уставни измени и потоа низ поглавја до члество. Ваш е изборот, на вашите граѓани и тоа може да значи фундаментален избор во полза на граѓаните и нивната иднина. Русија со војната во Украина покажа што значи недемократска земја. Имаме јасна иднина за вашата земја, јасен процес кој можеме да го забрзаме и да ги зајакнеме врските со луѓето. Европскиот континент ќе биде побезбеден со Западниот Балкан.

На новинарското потпрашање зошто ЕУ застана зад примитивните барања на Бугарија, меѓу кои е и фактот дека не го признава македонскиот јазик, додека во дел од земјите во ЕУ има и истородна рамноправност, Мишел рече дека со сета почит дошол во земјава за да ги слушне овдешните ставови и да изнесе свои поенти, но дека споредбата изразена низ прашањето не му е сосема јасна.

„Јас секогаш ги бранам легитимните права на Македонците преку Европскиот совет. Сакаме да играме конструктивна улога и ги споделуваме европските вредности. Сигурен сум дека ќе успееме“, рече Мишел.

Слични содржини