Мислевски: Вработувањата се согласно закон, имам целосна поддршка од партијата

од Берта Китинска

Во врска со изнесените напади за вработувањата постапено е согласно закон, вели во изјава за „Локално“, министерот за локална самоуправа Горан Милевски во врска со податоците oд истражување кои ги објави А1он, наведувајќи дека министерот воедно и лидер на ЛДП вработувал роднини, партиски истомисленици, пријатели, како и својот баџанак.

-Важно е тимот што работи да е квалитетет и да испорачува резултати, а се разбира и да работи чесно. Партијата си задала цели и нормално е да ги вклучиме сите сили и надвор од нашите редови за да покажеме резултати, вели Милевски.

На обајвите во врска со тоа дека пратениците од неговата партија бараат негова сема Милевски вели „имам целосна поддршка од партијата “.

– Јас немам такви најави.Имам целосна поддршка од партијата. Ни следува и редовен конгрес во октомври на кој убеден сум дека делегатите повторно со големо мнозинство ќе ми ја дадат довербата.Да завршат летните одмори органите на партијата ќе се соберат и офцијално ќе ги расчистиме сите недоумици кои постојат во јавноста, подвлекува тој.

Според тврдењата на „А1он“ во тригодишниот мандат на министерот за локална самоуправа, среќата да добијат вработување или хонорарно да бидат ангажирани им се насмевнала на негови роднини, партиски истомисленици и пријатели на неговиот баџанак – и тоа во разни институции, но и во министерството со кое раководи

Порталот пишува дека станува збор за лица кои покрај тоа што работеле во локални или државни институции, паралелно членувале и во управен одбор на друга институција.

Б.М.

Слични содржини