Митрев: Здруженија се отвараат за соработка помеѓу Македонија и Бугарија

од Stefanija Kuzmanovska

Здруженија се отвараат за поддршка, развој и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија. Во врска со настаните кои што се случуваат во последно време, ние не можеме да влијаеме на тоа, изјави вечерва во гостување на „Само вистина“ претседателот на Здружението за македонско-бугарски пријателство, Добре Митрев.

„Еве конкретен пример, можам да кажам за моето здружение Балкански коридор, здружение кое се отвара за соработка и развој, не ми беше дозволено да отворам канцеларија во Кавадарци. Се рашири фама дека тоа ќе биде бугарски клуб и самиот газда ја промени бравата на канцеларијата. Говорот на социјалните мрежи дека тоа ќе биде бугарски клуб и дека ќе се врши пропаганда си го направи своето и газдата на објектот реагираше на тој начин. Сега сме на суд па ќе видиме што ќе се случи“, наведе Митрев.

Тој истакна дека се труди да го подобри пријателството меѓу двата народа преку културна соработка, спортски активности, бизнис планови.

„Јас секогаш кажувам, здружението не е само голо здружение. Работам на фондови, на проекти помеѓу Македонија и Бугарија, а колку во тоа успевам ќе покаже времето“, заклучи Митрев.

Слични содржини