Мицевски: Штом се формираат работни групи, има можност за одредени поместувања по однос на францускиот предлог

од Nikola Popovski

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски информира дека ќе се формираат работни групи во Собранието кои ќе разговараат за францускиот предлог.

-Тоа е причината на работните групи, да поразговараме и доколку можеме да влијаеме во суштинскиот текст што го имаме. Доколку потоа се донесат или се разговара за одредени заклучоци, истите треба да се модифицираат, да се стават на хартија, да се разговара по нив и секако овие денови ќе имаме дополнителни информаци и брифинзи за работата на овие групи. Штом се става на маса да се разговара и има желба за разговор, очигледно има можност да се најдат одредени поместувања по однос на ова, но тоа зависи од текот на настаните и тоа што ќе се случува на средбите на тие работни групи, изјави Мицевски од Собранието.

Слични содржини