Мицкоски ги исклучи од партија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени

од desk2

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва по обезбеденото двотретинско мнозинство во собранието за отворање на патот за уставни измени, кое се обезбеди со гласови на пратеници од неговата партија, соопшти дека тие седум пратеници се исклучени од паритијата.

Извршниот комитет, појасни Мицкоски, едногласно донесе одлука, на Општинските одбори да им препорача да ги исклучат од партијата тие седум пратеници кои гласаа „за“ на денешната седница за пристапувањето кон уставни измени за усогласување на Уставот со Спогодбата од Преспа.

Мицкоски обвини дека власта не бира средства за да ги постигне своите цели, а за да гласаат некои од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ биле носени со специјалци, влегувале во Собранието на влез кој не е наменет за нив, се соочиле со уцени и закани….

Од ВМРО-ДПМНЕ исклучени се Емилија Александрова, Сашо Василевски, Норла Исмаиловска Старова, Елизабета Канческа Милевска, Крсто Мукоски, Зекир Рамчиловиќ и Љубен Арнаудов.

„Денес во Македонија е тажен ден. Многу тажен ден – црн петок“, рече Мицкоски.

Слични содржини