Мицкоски: Овој Велигден, покрај празничната радост, не обзема горчина поради тешката криза

од Берта Китинска

Посакувам многу среќа, здравје и просперитет за Вас и Вашите најблиски, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во велигденската честитка.

„На Велигден споменуваме за големата саможртва на Бога и го славиме, бидејќи преку воскресението ја славиме и вечноста. Овој Велигден, покрај празничната радост, не обзема и горчина поради тоа што нашата земја се соочува со тешка криза. Повеќе од 4.800 наши сограѓани ги загубија своите животи и над 150.000 се заразија и поминаа низ силни искушенија. Дали можеше поинаку земјата да се справи со оваа криза? Примерите околу нашата држава покажуваат дека и тоа како можеше, и поинаку, и многу подобро“, порача Мицкоски.

Слични содржини