Мицкоски: Победата во првиот круг на локалните избори ќе значи формирање нова влада

од Nikola Popovski

Честопати зборувам и ќе ја искористам оваа прилика да повторам, ова да се локални избори за општината и градот Скопје, но истовремено се избори кои што одлучуваат во каква држава сакате да живееме. Победата на 17 октомври во првиот круг на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ подразбира нова влада, подразбира пад на оваа криминална владата меѓу двата круга, изјави вечерва од скопската населба Ѓорче Петров, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека преку глава му е на народот од измами и лаги и лажни политичари кои излегуваат од тоа политичко мочуриште, а со една цел да им служат на оние политичари од транзицијата кои овој народ го пљачкаат 30 години.

-Да не дозволиме лажни опозиционери да го делат опозицискиот блок, да не дозволиме народот да биде измамен како многу пати досега, изјави Мицкоски од настанот, на кој што беа е промовирани Александар Стојкоски за кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров, а присуствува и кандидатот за прв човек на Скопје. Даниела Арсовска.

Слични содржини