Мицкоски разочаран: Политички некултурно е во ист ден да го закажете Конгресот  за избор на лидер

од Берта Китинска

Разочаран сум од потегот на нашиот политички противник бидејќи е политички некултурно во ист ден да го закажете вашиот Конгрес  кога има закажано и противничката партија. Ние месеци наназад ја имавме закажано датата.Тоа е тоа такви се луѓето  за жал со оние кои политички се натпреварувате, вели Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој напоменува дека во неговата парија се очекува нови понуди како и тимови кои ќе го освежат ВМРО-ДПМНЕ.

-Покрај политичката некултура во СДСМ  од потенциалните кандидати не очекувам ништо  само продолжение на заевизмот, вели Мицкоски.

Слични содржини