Мицкоски за кандидатските листи: И јас би сакал Роналдо да игра за некој македонски клуб, но не може

од Nikola Popovski

Ги биравме најдобрите кандидати за локалните избори. Некаде покрај анкетите, имаше и распрашување во нивното соседство, нивните колеги, блиски за нивниот карактер, дали се хумани, работливи, дали се храбри, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за изборот на неговата партија за претстојните избори.

Тој укажа дека нив како партија им се потребни мотивирани луѓе кои ќе помагаат.

-Го одбравме најдоброто во моментот со кое располагаме после анализата. Дали е идеално – не, затоа што идеално не постои. И јас би сакал Кристијано Роналдо да игра за некој македонски клуб, но нели не може. Очекувам победа со оваа екипа и поголем број на градоначалници и поголем број на гласови на листите за советници, изјави Мицкоски во интервјуто за ТВ Шења.

Слични содржини