Мицкоски: Заев нека танцува со короната

од Vladimir Zorba

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само интервју“ на „Канал 5“ ТВ му порача на лидерот на СДСМ, Зоран Заев да танцува со коронавирусот.

„Нема да навлегувам во стратегијата на Зоран Заев, тој нека танцува со короната. Нашите граѓани имаат реални проблеми. Главниот проблем е како да се справат со ширење на оваа пандемија која се повеќе зема замав во нашата држават и втората работа е сиромаштијата која исто така зема се поголем замав. Не би сакал да го коментирам вчерашното гостување на Заев. Слушнавме многу работи кои навистина, ако во минатато сум мислел дека станува збор за политиканство и определени алатки за да се изврти вистината, после вчерашното негово интервју, јас сум сериозно загрижен од една едноствна причина и ценам дека нема доволно познавања“.

Слични содржини