Младите пред парламентот на БиХ: Формирајте влада или ќе донесеме илјадници

од desk2

 

Неформалната група млади „Време е “, која ги собира студентите од сараевските факултети, протестираа денеска пред парламентот на БиХ.

Младите протестираа дека година дена по изборите земјата нема формирано влада.

Собраните носеа транспаренти со кои порачаа „Формијар па заработи“, „Висок претставнику, реагирај“, и бараат до 13 ноември да се формира Совет на министри во БиХ.

„Ако до тоа не дојде, подготвени сме да доведеме илјадници млади пред Парламентот“, порача Фарук Гутиќ, еден од претставниците на групата.

Тие бараат донесување правилник со кој ќе се дефинира дека пратениците нема да земаат плата ако не биде формиран Советот на министри, но и да се интензивира работата заинтеграција на БиХ во ЕУ и НАТО.

Слични содржини