Младите заборавија на ковидот: Редица без дистанца пред влез во дискотека

од Берта Китинска

Без дистанца, едни до други голем број на малди луѓе вчера стоеа пред влезот на една скопска дискотека.

Последната недела од октомври вирусот највеќе се ширел меѓу младите покажуваат податоците од ИЈЗ и тоа најмногу на возраст од 20-29 години.

За краток период ковидот зеде и две жртви на возраст од 16 и 17 години.

Надлежните и покрај предупредувањата на епидемиолозите дека следи нов бран за ги олабавија рестриктивните мерки кои подолго време беа на сила.

Ноќните клубови и дискотеките добија зелено светло да работат со 50 отсто од капацитетот на објектот, а со одлука на Владата од 15 ноември влез во затворени објекти, кафулиња и трговски центри ќе биде дозволен само за вакцинирани лица со две дози или прележан Ковид-19 во изминатите 45 дена.

 

Слични содржини