MO за обвинувањата на Ковачки за кражбата: Документите не можат да наштетат на виталните интереси на државата

од Vladimir Zorba

За случајот со кражбата во одделението за одбрана кое е привремено сместено во просториите на Јавно претпријатие, отворена е истрага од релевантните надлежни организациони единици во Министерството за одбрана кои во соработка со МВР треба да ја завршат оваа постапка, велат од Министерството за одбрана за „Локално“, во врска со информациите на пратеникот Драган Ковачки од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој вели дека од министерството се украдени документи со назнака „строго доверливо“, чие неовластено откривање може да ја загрози државата.

Од министерството го повикуваат Ковачки да се воздржи од ширење дезинформации и „да ги прочита законските прописи, кои изминатиот период покажа дека не му се јака страна“.

-Во однос на обвинувањата на политичката партија претставена од поранешниот припадник на Армијата, а сега пратеник Ковачки, информираме дека кривична одговорност ќе има и за сторителите но и за организаторот и поттикнувачот на овој криминал. Во однос на тоа со каков степен на класификација се документите никој не може да зборува пред да се заврши истрагата. Го повикуваме пратеникот Ковачки да се воздржи од ширење дезинформации и да ги прочита законските прописи, кои изминатиот период покажа дека не му се јака страна. Ја известуваме јавноста дека не станува збор за документи кои можат да наштетат на виталните интереси на државата, бидејќи такви документи нема во компјутерите на подрачните одделенија за одбрана, појаснуваат од МО.

Драган Ковачки

Драган Ковачки

МКовачки претходно денеска го повика Министерството за одбрана „да не молчи за украдените класифицирани документи“.

-Ова е случај кој мора да заврши со кривична одговорност и кон одговорните кои не преземале мерки и овозможиле поединци или група да во сред центар на градот, се осмелат да влезат во заштитен објект на министерството за одбрана и да крадат документи и компјутери.Според Законот за класифицирани информации, класифицирана информација со степен „СТРОГО ДОВЕРЛИВО“ е информација чие неовластено откривање би предизвикало исклучително сериозна штета за ВИТАЛНИТЕ интереси на Република Македонија, сподели Kовачки.

Б.М.

Слични содржини