Моќна експлозија одекнa во Бејрут (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Моќна експлозија одекна во главниот град на Либан, Бејрут. Според извештаите и снимките што се појавуваат во арапските медиуми, експлозијата се случила во пристаништето.

Според Си-Ен-Ен, експлозијата ја оштетила и куќата на поранешниот премиер Саад Харири во јужниот дел на Бејрут.

Беше објавено дека има повеќе повредени, но засега нема податоци за колку лица или за обемот на штетата.

Една експлозија беше проследена со друга, а се претпоставува дека пожарот зафатил друг магацин во кој имало хемикалии, што придонело за поголема штета. Голем број на противпожарни екипи се на местото на настанот.

На снимките на социјалните медиуми се прикажани оштетените возила и објекти во голем круг околу пристаништето. Сè уште не е познато што ја предизвикало експлозијата. Според првичните информации, експлодирал еден магацин со опрема за огномет.

Експлозијата ги оштети и редакциите на медиумските куќи Си-Ен-Ен и Дејли Стар. Населението трчаше на улиците во ужас. Пристаништето е целосно уништено. Експлозијата се почувствува на 10 километри од пристаништето.

Слични содржини