Молдавија го намалува бројот на руски дипломати, Захарова најави одговор

од Stefanija Kuzmanovska

Молдавија најави дека ќе го намали бројот на руски дипломатски персонал во земјата, јави руската државна новинска агенција ТАСС.

Молдавија вчера повика руски дипломати поради извештаите во медиумите дека руската амбасада во Кишињев поставила голема количина сателитска опрема на нејзиниот покрив, која може да се користи за шпионажа.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на прес-конференција рече дека овој потег на Молдавија е натамошен чекор во уништувањето на билатералните односи меѓу земјите и дека Русија ќе одговори.

„Тоа е фантазија која нема никаква врска со реалноста“, рече Захарова, пренесе „Скај њуз“.

Односите меѓу Русија и Молдавија се затегнати откако Русија ја нападна Украина. Русија има војници стационирани во отцепениот молдавски регион Придњестровје, кој директно се граничи со Украина.

Слични содржини